– Алијанса за Албанците и Алтернатива поднеле 200 амандмани на предлог- законот за изменување на Законот за попис. За Законот за попис се доставени 200 амандмани, за Изборниот законик ниеден, бидејќи за тој се договорија сите партии, изјави за ТВ 21 пратеникот од Алијанса Елми Азири.

Комисиската расправа за измените на Законот за попис може да трае максимум два дена.

Двата предлог – закони се наоѓаат на комисиска расправа, откако денеска на седница со мнозинство гласови беше изгласана потребата од нивно донесување – за да се обезбеди одложување на пописот за септември, да се уреди постапката за скенерите за отпечатоци од прст и се предвидува одложување на локалните избори за втората половина на октомври, за кампањата да почне откако ќе заврши пописот во септември.