Трагедиите во нашата држава се множат, а во заднината на секоја трагедија се кријат злоупотреби, криминал и корупција. Одговорност треба да сносат тие штo до ден-денес ги немаат следено и ја немаат проверувано работата на превозниците иако претходно ја имавме трагедијата кај Ласкарце каде што исто така имаше жртви и беше констатирано дека има злоупотреби и скандалозни технички пропусти, реагира денеска Алијанса за Албанците.
Последната трагедија во којашто пожар го зафати автобусот во Бугарија, го крена на нозе целиот свет, додека во нашата земја никој не чувствува никаква одговорност за 44-те изгубени животи на најможниот тажен начин, а ниту пак чувствуваат одговорност за повредените коишто сѐ уште се трудат да ги излечат здобиените повреди. И во оваа трагедија, како и во минатите, на виделина излегоа скандалозни дејствија. Еден автобус којшто се движи низ регионот без потребната дозвола, неевидентиран во електронскиот регистар и со дозволено движење од царина и граничната полиција. И сето ова заврши само со одземање на дозволата на компанијата и со отпуштање на двајца цариници“, се наведува во реакцијата од Алијанса.
Партијата побара одговорност и потсети на трагедијата кај Ласкарце, на трагедијата која однесе 14 жртви во модуларната болница во Тетово, каде, како што нагласи, министерот, заменик министерот и директорот на Болницата во Тетово си продолжија со работа иако беа констатирани пропусти и злоупотреби.
Неодговорноста на високите функционери на државата, криминалот и корупцијата во институциите, граѓаните ги плаќаат со живот, со болка и со трагедии што не се паметат од независноста на државата“, се додава во реакцијата на Алијанса за Албанците.