Американската поп ѕвезда Ашер ќе настапи на полувремето на Супербоул, најгледаниот натпревар во НФЛ лигата, кој на 11 февруари идната година ќе се одржи во Лос Анџелес.Осумкратниот освојувач на наградата „Греми“ рече дека се радува на настапот на НФЛ спектаклот.

-Ова е голема чест конечно да го симнам настапот на Супербоул од мојата листа на желби. Одвај чекам да му прикажам на светот шоу какво што досега од мене не е видено, порача Ашер.

Најголемите американски ѕвезди традиционално настапуваат на полувреме на најважниот натпревар во НФЛ лигата во годината.

Изминатиот февруари спектакуларен настап имаше Ријана која настапи во поодмината бременост, што беше и нејзин прв самостоен настап во последните седум години.

На Супербоул претходно настапуваа и Мадона, Колдплеј, Бијонсе, Еминем, Мајкл Џексон и многу други познати музички имиња.