Шпанецот Карлос Алкараз ја освои титулата на Отвореното првенство на Франција за мажи за прв пат во својата кариера. Тој во финалето во Париз го победи Германецот Александар Зверев со 6:3, 2:6, 5:7, 6:1, 6:2 по 4 часа и 20 минути игра.
На тој начин, 21-годишниот Шпанец задржа совршен биланс во финалињата на Гренд слем – три победи во три меча – и стана најмладиот тенисер кој освоил титула на секоја од трите површини. Алкараз го освои својот прв пехар на тврда подлога во 2022 година на УС Опен, во 2023 година стана шампион на трева на Вимблдон, а сега е прв на црвените терени на Ролан Гарос.
Тоа беше втор пораз за олимпискиот шампион Зверев во финале на Гренд слем, откако беше поразен во финалето на УС Опен од Доминик Тием во 2020 година