По информациите дека веќе е во тек реализацијата на новиот модел на образованието, според кој предметот Историја, Географија и Етика на религиите ќе биде отстранет, а ќе има и спојување на некои други предмети, АлтернАтивА смета дека овој концепт е штетен и бескорисен за нашата држава и општество.
Додека бевме во владата, ние го спречивме спроведувањето на овој модел, но новите владини партнери, како и министерот за образование – како набљудувачи на процентите на коридорите и рамнодушни кон образованието на помладите генерации – не се грижат за оваа тема.
Имено, би сакале да појасниме дека отстранувањето на предметот Историја ја повредува колективната институционална образовна меморија за учениците, но и отсуството на Географијата нема помалку да му наштети на нивното формирање како идни интелектуалци.
Младиот човек кој нема да ја знае историјата на својата нација и својата татковина ќе биде соодветен на стандардите на општеството без идентитети и ќе биде лишен од неговата автохтона основа и од неговиот национален идентитет. Во меѓувреме, со отстранувањето на предметот Етика на религиите и ставањето на предметот Сексуално образование, се настојува моралот на идните млади луѓе повеќе да не биде како оној на нивните родители и баби и дедовци, туку да има етика која се коси со целото наше етичко историско наследство.
Така, АлтернАтивА ќе се бори против овој модел на образование со сите политички средства, додека во времето кога ќе бидеме на власт, ќе ја ревидираме оваа одлука и ќе го вратиме образованието во согласност со автохтоните интереси на нашите граѓани, секогаш во духот на развојот и општиот општествен напредок.
Во оваа прилика го повикуваме министерот за образование да го повлече овој предлог, бидејќи ќе се соочи со нашата најсилна институционална реакција, а ги повикуваме и сите други организации кои се занимаваат со темата на образованието, како и верските заедници да ни се придружат во оваа агенда и да не дозволиме никој да ги третира нашите деца како бели стаорци за социјални експерименти според нивните идеолошки хирови. Образованието е премногу сериозна работа за да се остави во рацете на неодговорните и несериозните луѓе.