Првично беше планирано вработените во тој гигант за е-трговија во неколку земји, вклучувајќи ги и САД, да започнат да се враќаат во канцелариите од 7 септември оваа година, но тој датум сега е преместен на 3 јануари 2022 година, изјавија од Амазон за Си-Ен-Ен. Кога ќе се вратат на работа, вработените ќе мора да носат маски во канцеларија, освен ако не покажат потврда дека се вакцинирани.
„Амазон“ одложи враќање на вработените во канцеларии до 2022 година
„
Компанијата Амазон го одложи враќањето на вработените во канцелариите до почетокот на следната година поради наглото зголемување на бројот на заразени со Делта сојот на Ковид -19.