Амазон кон крајот на минатата година имал 9.500 вработени на повеќе од 50 локации во Италија, се вели во соопштението на групацијата.
-Растот во дигиталниот сектор е можност за повторно придвижување во таа земја и ние сакаме да придонесеме во тоа, рече лидерката на Амазон за Италија и Шпанија, Маријангела Марсаља.
Таа додаде дека Амазон планира да инвестира повеќе од 350 милиони евра на три нови локации што планира да ги отвори наесен во северните италијански региони Ломбардија, Пиемонте и Емилија Ромања.