Во финалето на категоријата до 80 килограми, 22-годишниот скопјанец попладнево беше поразен од Русинот Владислав Ларин со 15:9 и освои сребро, што е прв олимписки медал за Македонија во последните 21 година.

– Честитки Дејан!Амбасадорот Савада и Амбасадата на Јапонија упатуваат честитки за сребрениот медал во тaеквондо на Дејан Георгиевски. Дејан го носи првиот олимписки сребрен медал во историјата на Македонија, пишува на Фејсбук Амбасадата на Јапонија.