Проштална средба и оценка за значајниот избор во Судскиот совет

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, денеска ја прими амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела Прајс Агелер, на проштална средба.

„Обете потврдивме дека двете земји, како долгогодишни сојузници, негуваат цврсто пријателство коешто почива на заемна почит и разбирање“, изјави Сиљановска-Давкова.

Амбасадорката Агелер ја оценила како значајна одлуката за изборот на двете нови членки на Судскиот совет, нагласувајќи дека тоа претставува важен чекор кон реформирање на правосудното тело. Претседателката ѝ се заблагодарила за придонесот во продлабочување на соработката и зацврстување на стратешкото партнерство.

Амбасадорката продолжува да ја поддржува Македонија

„И по заминувањето од Скопје, ќе продолжам да ја помагам земјата во која поминав значаен дел од кариерата“, истакна Агелер. Сиљановска-Давкова ѝ посакала понатамошни професионални успеси и ѝ се заблагодарила за поддршката кон македонските граѓани и институции.