Aмбасадорката на САД, Анџела Агелер упати честитки за формирањето на новата Влада.
„Додека премиерот и неговиот кабинет ја преземаат функцијата, со нетрпение очекуваме да го продолжиме нашето партнерство во зајакнувањето на владеењето на правото, подобрувањето на економскиот, енергетскиот и инфраструктурниот развој, социјалните структури и придвижувањето на земјата напред на нејзиниот евроатлантски пат“, се наведува во честитката на Агелер.
Congratulations to the new government on its formation. As the Prime Minister and his cabinet take office, we look forward to continuing our partnership in strengthening rule of law, improving economic, energy, and infrastructure development, social structures, and moving the…
— Ambassador Angela Aggeler (@USAmbNMacedonia) June 24, 2024
Министрите денеска ги презедоа функциите од нивните претходници.