Тројца од четворица невакцинирани возрасни Американци не се подготвени да ја примат вакцината против коронавирус на Џонсон и Џонсон, покажува анкетата на „Вашингтон Пост“-Еј-Би-Си Њуз, објавена денеска.

Помалку од половина од сите анкетирани возрасни лица во САД изјавија дека сметаат дека вакцината на „Џ/Џ“, што бара помалку логистички предизвици отколку две-дози вакцини на „Фајзер“ и „Модерна“, е безбедна.

Анкетата беше спроведена неколку дена пред ЦДЦ и ФДА да ја укинат препорачаната пауза за вакцината на „Џ/Џ“, нагласувјќи дека придобивките од вакцината го надминуваат ризикот од ретка појава на тромб.

Околу половина од невакцинираните возрасни лица кои биле анкетирани изјавиле дека вакцините на „Модерна“ и „Фајзер“ се безбедни. Помалку од еден од тројца изразија таков став за „Џонсон и Џонсон“.

Најголемиот дел од 44 отсто кои во анкетата рекле дека не биле вакцинирани, посочиле дека дефинитивно или веројатно нема да се вакцинираат.

Возрасните приврзаници на Републиканската партија (18 до 39 години), не се подготвени да се вакцинираат во анкетата на Вашингтон Пост/Еј-Би-Си – 55 отсто изјавија дека дефинитивно или веројатно нема дасе вакцинираат.