Жена од сојузната американска држава Мериленд по третпат за околу три години добива 50.000 долари на иста лотарија. Таа рече дека е шокирана зашто и овојпат ја добила премијата.

– Едноставно не можев да поверувам, повторно!, изјави 61-годишната жена.

Таа всушност купила два лоза во вредност од пет долари, па еден од нив ѝ ја донел наградата од 50.000 долари.