Германскиот стратег доаѓа на „Олд трафорд“ на местото на Норвежанецот Оле Гунар Солскјер, кому му беше врачен отказ на 21 октомври по првенствениот пораз од Ватфорд.

– Возбуден сум што му се приклучувам на Јунајтед и фокусиран сум на тоа ова да биде успешна сезона, изјави Рангник, кој за да седне на клупата на Манчестер јунајтед мораше да ја напушти должноста директор за спорт и развој во рускиот прволигаш Локомотив Москва.