Американската кошаркарска суперѕвезда Бритни Грајнер е осуден на 9 години затвор откако беше прогласен за виновна на судењето за транспорт на дроги во судот во Химки, во близината на Москва.
Обвинителите бараа 9 и пол годишна казна за ВНБА ѕвездата со две олимписки злата, но таа доби „малку“ милост од судијата, но и наредба да плати 1 милион рубљи (16.000 долари) за нелегално внесување на наркотици во Русија. Грајнер тврдеше дека кертриџите со хашиш пронајдени во нејзиниот багаж на аеродромот во Шереметјево на 17 февруари случајно се нашле таму, откако таа се брзала за летот од Аризона за Русија. Во Аризона, медицинскиот канабис е леглен.
Двократната олимписка шампионка стана тема на политичко „нагоување“ помеѓу САД и Русија, откако Американците најавија можна „размена на заробеници“ за слободата на Грајнер и на Пол Вилан, поранешен маринец кој е осуден за шпиунажа во замена за бизинсменот Виктор Боут, кој отслужува казна од 25 години затвор во САД за продажба на оружје.