Пилотот Јен Фриц во сторија за „Атлантик“ открива дека имал задача да прелетува низ Авганистан и да ги слуша разговорите на Талибанците. Тој бил вчудоневиден од она што го слушал.
Тој во детали опиша еден од прислушуваните разговори што ги воделе Талибанците.
-Спуштете се и поставете експлозив некаде на кривината каде не се гледа.
-Може да почека до утре
-Не не може Американците може да дојдат и порано и мораме да ги убиеме колку што ќе можеме
Мислам дека ќе почекам.
-Не , оди и постави ја бомбата
-Морам ли?
Да оди и направи го тоа
-Не сакам.
-Брате зошто да не, мораме да водиме џихад.
-Брате многу е студено за џихад.