Преглед на пазарот за март 2025 – Доминација на биткоинот во време на пазарна несигурност

Во февруари 2025 година пазарот на криптовалути забележа пад од 20,2 проценти. Овој пад е резултат на комбинација на негативниот сентимент, најголемиот хакерски напад во историјата што го погоди Bybit и падот на интересот за мемекоините. Овој тренд не беше ограничен само на криптовалутите, со оглед на тоа што и традиционалните пазари исто така доживеаја осцилации. Акциите на големите компании како NVDA, GOOGL и AMZN забележаа пад, додека ИТ секторот и секторот потрошувачка забележаа пад од 3, односно од 6 проценти.

Најавата на претседателот Доналд Трамп за воведување данок од 25 отсто на стоки од Канада и Мексико дополнително ја влоши глобалната економска клима, намалувајќи ја довербата на инвеститорите и намалувајќи ги каматните стапки на американските обврзници на најниско ниво во последните два месеца. Трговските закани на Трамп за нестабилноста на пазарите создаде остри флуктуации и притисок на биткоинот и на другите ризични средства. Во текот на изминатиот месец, глобалниот крипто-пазар падна за над 20 проценти – од 3,6 милијарди долари на 2,8 милијарди американски долари, со најновиот пад на крајот на февруари предизвикан од загриженоста за потенцијалните царини на ЕУ и враќањето на тарифите за Канада и Мексико. Оваа несигурност во врска со политиките предизвика реакција кај инвеститорите, кои почнаа да ја намалуваат изложеноста на ризичните пазари и да бараат сигурни алтернативи.

Во последните 30 дена, Солана пренасочи 485 милиони долари на Ethereum, Arbitrum и BNB Chain, со значаен пад на трговската активност и вкупната заклучена вредност (TVL). Дел од капиталот се влеа во мемекоините на BNB Chain, делумно поттикнато од твитовите на CZ за неговото куче, Броколи. На пазарот на криптовалути општо се шири тренд на преминување кон посигурни опции, додека доминацијата на биткоинот порасна за еден процент во последниот месец, стигнувајќи до 59,6 проценти.

Стабилните криптовалути и RWA се отпорни на турбуленциите на пазарот, бележат значаен раст

Стабилните криптовалути и стварната сопственост (Real-World Asset – RWA) достигнаа историски рекорди, со пазарни вредности кои надминаа 224 милијарди долари за стабилните криптовалути и 17 милијарди долари за RWA. Овој раст од 10 проценти за стабилните криптовалути и 17 проценти за RWA во 2025 година е контрастно на 13 процентниот пад на вкупната пазарна вредност на сите криптовалути. Причина за овој пораст е пазарната турбуленција што ја предизвикаа инвеститорите, кои го пренасочуваа капиталот во стабилни криптовалути за да ја намалат нестабилноста и да ја зголемат сигурноста на своите влогови. Покрај тоа, појасните регулаторни рамки, особено новите закони за стабилни криптовалути во САД допринесуваат за поголема веродостојност на пазарот. Истовремено, привлечните стапки на поврат на стварна сопственост, посебно во секторот на приватното финансирање, продолжува да ги привлекува инвеститорите кои бараат посигурни и постабилни можности за вложување.

Лазарус групата изведе рекорден напад на Bybit

На 21 февруари 2025 година Bybit го доживеа најголемиот сигурносен напад во историјата на криптовалутите, кога од нивниот ETH multisig cold wallet (паричник заснован на паметни договори кој побарува два или повеќе дигитални потписи со цел да се потврди исправноста и извршувањето на трансакцијата), беа украдени 1,46 милијарди долари. Нападот го изведе групата Лазарус, користејќи фишинг напад на еден од дивелоперите на Safe Wallet (н.з.сигурносен паричник), што доведе до повеќе од 350.000 рекордни барање за повлекување, кои успешно беа обработени во рок од 12 часа.

Во моментот на пишувањето на овој текст, со помош на други крипто платформи, замрзнати се 42,89 милиони долари украдени средства.