Коалицијата „Вреди“ фрли ракавица со најавата за формирање Албанска академија за науките и уметности. Не отстапуваат од решението кое беше во нивната партиска програма, но не стана дел и од владината програма.

„Вреди“ најави дека Академијата ќе добие поддршка од општините

Според „Вреди“, во прва фаза Академијата ќе добие поддршка од општините, а потоа и од државата, иако, вицепремиерот Меџити не ја отфрла можноста да се функционира во рамки на МАНУ, под услов, како што вели, Македонската академија на науките и уметностите да ги отвори вратите за академиците Албанци.

Таки Фити: Предлогот на Вреди е неприфатлив и небулозен

Таки Фити вели дека во моментов има четворица вработени од албанска националност. Сепак, тој вели дека во науката не смее да се гледа етничката припадност. Потенцира дека нема да има паралелна инстиуција и истото го нема во ниту едена држава.

Ова е апсурдна идеја. Во ниту една современа земја, нема две национални академии. Постои само една која што е репрезент на научната мисла на конкретната земја, вели тој.

Повеќе може да прочитате во продолжение.

Фити: Идејата на ВЛЕН е небулозна, во МАНУ има четворица вработени од албанска националност

ВМРО-ДПМНЕ децидни – не смее да се политизира науката

Политизирањето на науката може да доведе до субјективност и пристрасност во истражувањата, предупреди ВМРО-ДПМНЕ, од каде порачаа дека науката не треба да се политизира и етнизира.

„Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) е единствената институција која ја обединува македонската научна мисла и во нејзиниот состав има научници од различни етнички заедници. Како критериум за членството во Академија на науките не може да биде етничка или политичка припадност, туку научните достигнувања и придонесот во општеството. Науката не е нешто кое треба и може да се политизира и етнизира.“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека е добро што албанските партии во власта бараат место за Албанците во науката и посочуваат дека нашата Академија на науки треба да остане репрезентативна и престижна, базирана на заслуги и академски достигнувања.

ЗНАМ ги критикува „Вреди“ за идејата

Лидерот на движењето ЗНАМ и актуелен градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски жестоко се спротивстави на идејата на ВЛЕН за „Албанска академија на науките”. Според него науката ниту има политичка, ниту етничка припадност, туку генеза и континуитет.

Науката не смее да се политизира, ниту пак да се етнизира, таа има своја генеза и континуитет. Ваквите обиди и идеи се резултат на постизборен популизам, започнува Димитриевски.

Тој посочува дека во Македонија постои само МАНУ, а паралелни институции не се дозволени.

Димитриевски се спротивстави на „Албанска академија на науките”: Постизборен популизам, науката не смее да се политизира

ДУИ критикува

Критика за потегот на „Вреди“ стигна и од ДУИ.

„Наместо да го преземат претседавањето со Државната академија за наука и уметност, да создадат простор за повеќе академици, да гласаат за законот што го предложивме додека го блокираа со ВМРО за правична и соодветна застапеност во МАНУ, тие дојдоа до „големата општинска идеја“ што уште повеќе ги понижува Албанците.“, велат од ДУИ.

Таравари уверува дека нема поделби во владината коалиција

Утрово Таравари ги смири страстите и вели дека нема никакви несогласувања во владината коалиција. Тој вели дека отсега во државава ќе имаме повеќе институции кои се занимаваат со наука и уметност, а меѓу нив ќе биде и оваа. Истата првично ќе биде финансирана од општините.

Лидерите на коалицијата „Вреди“, меѓу кои е и самиот Арбен Таравари од Тетово најавија дека ќе обезбедат општинско финансирање на здружението „Албанска академија на науките и уметностите“.