-Петре Шилегов не потпишал налози за да се исплатат плати на вработените во градските претпријатија. Стотици вработени останаа со задоцнети месечни примања затоа што на Петре Шилегов му било тешко да ги исплати платите. Шилегов го остави градот во хаос, а вработените во јавните претпријатија под Град Скопје без плати. Освен што овие претпријатија се направени загубари во последните 4 години, сега и вработените не можат да ја земат својата плата заради неодговорниот однос на претходниот градоначалник. Петре Шилегов имаше време од една недела по изборите, но наместо да подели редовни плати на вработените, времето го потроши за да потпишува договори од 240 илјади евра да го осветлува Скопје со сијалички во време на енергетска криза, вели Андоновски.
Тој додава дека Петре Шилегов имаше време од една недела по изборите, но наместо да подели редовни плати на вработените, го потроши времето да додели награди на Венко Филипче и на Денко Малески. На првиот, затоа што најкатастрофално се справува со корона пандемијата. А, на вториот затоа што смета дека Македонците и Бугарите се еден ист народ.
-Вработените треба да бидат спокојни. Новото раководство на градот Скопје, во најкраток можен рок ќе го разреши оставениот проблем од претходниците. Вработените во претпријатијата ќе можат да сметаат на целосна исплата на нивните плати и надоместоци, истакна Андоновски.