Единствено нешто со што може да се одржи на власт е да се разединува опозицијата . Тоа се вметнува со главите во гласачите дека сите се исти,  како Мутро и Курто и во една таква теза, СДСМ се обидува да го намали контото на гласови кај опозицијата. Преку спонзорите на невладините кои ја финансираа Шарената револуција. Може да се претпостави дека дел од средствата стигнуваат од непознати извори, изјави Страшо Ангеловски, претседател на МААК, во емисијата “ Утро со Златев“ на Радио Лидер.

Ние во македонското општество се длабоко поделени, едните гледаат од агол на предавство, други од агол на патриотизам.  Бев присутен на протесот и по грешката на химната ми пријдоа и мене., го чувме извинувањето. Не верувам дека намерно  ниту Тамара, ниту Нина ја направила.  Јас сум многу загрижен за состојбите во Македонија. Во моментов се води битна на нон пејпери.  Во последниот нон пејпер не се споменува Македонија. Последните 4 годни се збори за “шарм дипломатијата “. Најдобра дипломатија  имаше во времето на Никоа Груевски.  Македонија во деветесетите се роди како здраво бебе ,амам се даде на погрешни бабици. изјави Ангеловски.