Страшо Ангеловски, претседател на МААК, во емисијата “ Утро со Златев“ зборување и за состојбите во Европа.
Софија ја губи поддршката од Германија затоа што Меркел ја изгуби силата. ние имаме една најсилна членка на ЕУ, а тоа е Франција . Макрон полека станува лев суверенист и со неговата реторика сака да се издигне. Макрон сака Франција да ја направи најмоќна земја, за да биде носителот на промените во ЕУ.
Блумберг вели дека САД и ЕУ немаат лекции до останатите држави како да се однесуваат. Дојдовме во време на корпорациски фашизам, кога корпорациите стануваат главни. Тие имаат 28% од светскиот БДП. Тие корпорации сакаат да владеат во светот. Затоа економијата е воведена до антидемократско ниво. Ќе дојдат полека време за оние кои се незадоволни, да го кренат гласот. ова се тезите на нобеловците. Истата ситуација ја има и во Македонија, неколку корпорации владеат кај нас, изјави Ангеловски.