Голем пожар утрово ја зафати автобуската компанија „Белдона“ во близина на селото Тркање, кај Кочани.
Огнената стихија избувнала околу 9 часот во објектот на компанијата, кој се наоѓа во месноста Цацков Бунар, во непосредна близина на бензинската пумпа на „Лукоил“. Пожарот го зафатил паркингот на автобусите.
Според првичните информации има сериозна материјална штета, изгорени автобуси, гаражи и канцеларии.
Помош за гаснењето бил побаран и од Пожарната од Виница. Пожарот бил изгаснат за околу 1 час. Засега не се знаат причините за пожарот.
