Двете исчезнати девојчиња, 12-годишната Аниса и 15-годишната Мелиса, попладнево се пронајдени во парк во Чаир, кај продажен објект, односно на подрачјето на полициската станица „Бит Пазар“.

Денеска (01.04.2023) во 13.30 часот на ул.„Џон Кенеди“, кај продажен објект во паркот, од страна на полициски службеници од Полициска станица Бит Пазар пронајдени се малолетничките М.К.(15) и А.А.(12), за кои на 30.03.2023 во вечерните часови беше пријавено дека се оддалечиле, се наведува во соопштението од МВР.

По документирање на случајот, малолетничките ќе бидат предадени на родителите.