На второ место е поранешниот потпретседател Мајк Пенс со девет проценти, а на трето гувернерот на Флорида Рон Десантис со осум отсто.

Доколку претседателските избори во САД се одржеа денеска, поранешниот претседател Доналд Трамп би бил поддржан од повеќе гласачи отколку актуелниот претседател Џо Бајден.

Во анкетата, 48 отсто од луѓето рекле дека би гласале за Трамп, додека само 45 отсто рекле дека би гласале за Бајден. Другите седум проценти не одлучиле.

Анкетата била спроведена од 30 ноември до 2 декември меѓу 1.989 Американци.

Истражувањето доаѓа во време кога Бајден се соочува со мноштво проблеми како што се инфлацијата, постојано високите нивоа на нови случаи на Ковид-19 и контроверзното повлекување од Авганистан во текот на летото, а сите тие веќе доведоа до рекордно ниско ниво на неговиот рејтинг.

Според ова ново истражување, 51 отсто од испитаниците не ја одобруваат работата на Бајден, што е намалување за шест поени во последните месеци од годината.