Францускиот претседател Емануел Макрон ќе победи во вториот круг од претседателските избори со 56 отсто од гласовите, покажуваат денеска објавените анкети.

Според резултатите од анкетата што ја спроведе Ипсос-Сопра Стериа за потребите на неколку француски медиуми, противкандидатката Марин Ле Пен во вториот круг би освоила 44 отсто од гласовите.

Истражувањето е спроведено од 15 до 18 април на примерок од 1.682 испитаници на возраст над 18 години, се дознава од интѕернет страницатана Ипсос- Сопра Стерија.