Агенцијата Ројтерс разговараше со Нура, како претставник на анти-талибанските опозициски сили во долината Панџшир северно од Кабул, која е речиси единствената преостаната област што не е под контрола на Талибанците, иако е во нивна близина.

Нејасно е колку би биле обединети таквите фракции, а самиот Нур вели дека постои „голем ризик“ преговорите да пропаднат.

Меѓутоа, ако тоа се случи, тој истакнува дека предавањето „не би било можно“ и дека историјата покажала дека секој обид за насилно владеење со Авганистан е „невозможен“.

Портпаролот на Талибанците, Забихула Муџахид, рече дека преговорите се во тек, и дека истите имаат „60 проценти шанса за успех“.