Владата и Министерството за финансии подготвуваат нови антикризни мерки за компаниите и граѓаните и штом ќе бидат изготвени тие ќе бидат презентирани на јавноста, изјави вчера премиерот Димитар Ковачевски, по посетата на Тетово.
Во веќе донесениот ребаланс на Буџетот се предвидени 76 милиони евра за помош на граѓаните, но само на најранливите категории на граѓани.
Како што рече Ковачевски, антикризни мерки ќе бидат насочени кон најранливите во државата, како што беше и досега.
-Затоа граѓаните кои се со ниски примања и кои имаат помалку од другите да знаат дека ќе бидат први. Исто така главна задача ќе биде да се обезбеди електрична енергија и енергенси во текот на зимата, изјави Ковачевски.