Повторно, новиот сет на антикризни мерки-предизвика раскол меѓу пензионерите и различни позиции.

Некои мислат дека тоа е добра работа, додека мнозинството мислат дека тоа е чист популистички потег пред избори.  Овие мерки и чекор за помош и заштита на животниот стандард на пензионерите со најниски примања наиде на одобрение и од Сојузот на пензионери.

Има тврдења кои не се реални и не ги задоволуваат барањата на пензионерите, овие мерки не ги задоволуваат нивните потреби и барања, а од сојузот на пензионери слушаме тврдења дека овие мерки би биле доволни.

Но, оттаму велат дека за овие чекори, Сојузот на пензионери во петок ќе разговара со своите членови и ќе се изјасни во јавноста. Сепак, акциите ги оставија пензионерите незадоволни и со неисполнети барања. Тие протестираат со месеци, барајќи директно зголемување на нивните пензии. Според она што го рекоа, петмесечното покачување на пензиите е предвидено да биде само привремено поради претстојните избори.

-Во следните пет месеци, пензиите ќе се зголемат како дел од деветтиот сет антикризни чекори. Лицата кои се во пензија и здобиваат пензија до 14.000 денари месечно ќе добиваат дополнителни 3.000 денари секој месец. Дополнителни 2.000 денари ќе добијат лицата чија пензија е меѓу 14.000 и 16.000 денари. Пензионерите чии примања се движат од 16.000 до 19.000 денари во наредните 5 месеци ќе добијат дополнителни 1.500 денари.

Овие мерки не ги исполнуваат барањата на пензионерите за линеарно покачување на пензиите од 5000 денари, далеку од тоа, мерките служат за замачкување очи според мнозинството од пензионерите.

Со овие мерки се опфатени преку 187.000 постари лица, а за тоа се исплаќаат 35 милиони евра.

На иницијативниот одбор на пензионерите не му е јасно што да прави со луѓето чии пензии се повеќе од 20.000 динари, бидејќи тие луѓе не се опфатени со сегашните чекори. Министерката за труд Јованка Тречевска ги поддржува чекорите за помош на пензионерите. Тренчевска тврди дека зад ваквите мерки, не стои никаков предизборен популизам, а реална грижа кон пензионерите пред зимата која престои.

Со новиот сет на антикризни мерки не се опфатени само пензионерите, а и студентите, самохраните родители, лицата со попреченост и нивните родители, како и земјоделците, односно сите лица на кои им е потребна реална помош, но колку реално би ги решиле нивните проблем е прашање кое виси во воздух.

 

Извор: 24mk