Денеска е евидентиран ваков пожар на планината Водно, под месноста Марково крувче. Во моментов на терен интервенира Противпожарната бригада на Скопје со 9 возила и екипи од ЈП „Паркови и зеленило“, а причината за пожарот е човечки фактор.

– Воедно доколку забележите пожар Ве замoлуваме веднаш да пријавите во Противпожарната бригада на тел. 193 или во Центарот за управување со кризи, на тел. 195, апелираат од град Скопје.