Казната на Боки 13 намалена на пет години затвор
Апелациониот суд му ја намали затворската казна на Бојан Јовановски-Боки 13 од девет на пет години, дознава „Скопје1“. Оваа одлука е донесена врз основа на нови околности, меѓу кои е и обемната медицинска документација што ја доставиле реномирани лекари и државни болници.
Причини за намалување на казната
Судиите ги разгледале медицинско-конзилијарните мислења, кои ја опишуваат здравствената состојба на Јовановски. Во нив се наведува дека:
Затворските услови не дозволуваат соодветен медицински третман. Осудениот има инвалидитет поради отстранување на најголем дел од желудникот и тенкото црево. Јовановски претрпел две животозагрозувачки операции во затвор и дека има интестинална метаплазија, состојба што може да доведе до гастричен карцином.
Според медицинските експерти, нетретирањето на овие состојби може да предизвика фатални последици.
Колку време му останува во затвор?
Со пресудата на Апелација, Бојан Јовановски-Боки 13 е осуден на казна затвор од пет години, а за доиздржување му остануваат уште неколку месеци. Во моментов, тој се наоѓа на лекување.
За што беше осуден Бојан Јовановски?
Јовановски беше осуден на девет години затвор за кривичните дела:
- Примање награда за противзаконито влијание
- Перење пари
Одлуката на Апелациониот суд за да се намали казната на Боки 13 предизвика бројни реакции во јавноста, особено поради околностите кои доведоа до намалување на казната. Тој издржувајќи ја својата казна најавуваше дека ќе организира гламурозен „гивавеј“ кој заврши неславно. За оваа случка повеќе објави имаше на нашиот медиум.
Ваквата контроверзна наградна игра предизвика бројни коментари во јавноста.
Извор: Плусинфо