Аргентинскиот претседател Алберто Фернандез денеска соопшти дека е позитивен на коронавирусот.

Тој на Твитер напиша дека откако имал температура од 37,3 и мала главоболка, направил тест кој бил позитивен.

– Сакав роденденот да го поминев без оваа вест, но добро сум расположен, напиша Фернандез, кој ја прими руската вакцина Спутник В на почетокот на годинава.

Тој е во изолација, но ќе работи од дома.

Аргентина воведе карантин неколку пати за време на пандемијата. Досега во земјата целосно се имунизирани околу 682.800 лица