Овие предлози на МНР веќе поминале на Влада и треба да стигнат на одобрување кај претседателот на државата.

Поранешната градоначалничка на Тетово и вицепремиерска за евроинтеграции, Теута Арифи, ќе биде нов македонски амбасадор во ЕУ, дознава Фокус.

Според нашите информации, актуелниот директор на АНБ Виктор Димовски, пак, ќе замине на амбасадорска служба во Париз, пишуваат од Фокус.

Исто така, велат добро упатени извори, амбасадорското место во Вашингтон ќе биде пополнето со Зоран Попов, дипломат од кариера кој е државен секретар во МНР, дознава Фокус.

Како што неофицијално дознаваме, овие предлози од МНР веќе се поминати на Влада и треба да стигнат на одобрување кај претседателот на државата.

Потоа, законската процедура предвидува издавање на агреман од земјата-домаќин каде се упатуваат.