Скопската градоначалничка Данела Арсовска вели дека нејзиниот претходник Петре Шилегов нема право да се жали на загадениот воздух, откако тој синоќа реагираше на социјалните мрежи.
Сензорите кои ги мерат штетните честички во главниот град отидоа во виолетова фаза. Покажаа три до четири пати повеќе од дозволеното.
– Тоа не би смеело да си го дозволи. Скопје има највисока ставка на загадување во Европа, а тој да коментира за нешто за коешто четири години имаше можност да го поправи, но тој остави сè на ветерот како системска мерка. Град Скопје презема цел сет комплементарни мерки да придонесе за тоа да не се соочуваме со загадениот воздух како што се соочувавме до сега – вели Арсовска.
Таа додаде дека Град Скопје отпочнал со темелно чистење на дивите депонии и за првпат има драконски казни за тие што го загрозуваат животот на граѓаните.