Данела Арсовска, независна кандидатка за градоначалник на Град Скопје подржана и од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија како и од албанската опозиција Алијанса за Албанците и Алтернатива на дебатна емисија на ТВ Шења на прашање на водителот дали во нејзиниот мандат скопјани ќе бидат заштитени од наездата на луѓето да градат за профит на штета на квалитетот на урбаното живеење убедено вети дека сите граѓани ќе бидат заштитени, а објасни и како таа ќе се справи со тоа.
-Апсолутно граѓаните ќе бидат заштитени. Прво и основно градот има инфраструктура која што не може да го издржи развојот во овој момент. Ифраструктурата прво не е соодветна за ова што се случува. Не само низ Чаир но и низ повеќето населби во градот каде и да одите, во Карпош, во Ѓорче Петров, имате места каде што во буквална смисла на зборот поради тоа што премногу се гради, дел од становите и дел од куќите повеќе од вториот спрат немаат притисок за вода. Значи тие се реални проблеми кои што се базираат затоа што инфаструктурата не е прилагодена на толку многу градби. Затоа најважното нешто е генералниот урбанистички план кој што за жал до овој момент е нешто кое што не ни е достапно, значи не знаеме дека наутро кога ќе се разбудиме што ќе има, па затоа многу убаво ќе беше од страна на градските власти да го објават, за граѓаните да видат дали е при крај како што вели актуелниот градоначалник. А јас се надевам дека ќе ми ја дадат довербата да ги прашам дали сакаат скопјани такви решенија за генералниот урбанистички план и дали сакат дали тоа што некој го предвидува таму да биде зацртано и да биде градено и дали сакаат воопшто да се гради, рече Арсовска.
Таа меѓудругото објасни и потенцираше дека генералниот урбанистички план е нешто кое што треба да биде отворено за скопјани да можат да погледнат и да можат да одлучат во каков град сакаат да живеат во наредните 10 години и вети дека доколку граѓаните и ја дадат довербата тоа ќе биде така.
-Генералниот урбанистички план е всушност нешто кое што треба да биде отворено за скопјани да можат да погледнат и да можат да одлучат во каков град сакаат да живеат во наредните 10 години. Тој се носи во 2022 и ќе биде на сила до 2032-та година и скопјани мораат да имаат можност да видат во какво Скопје некој планира да живее во следните 10 години. И верувајте ми дека доколку мене ми ја дадат довербата тој процес ќе биде токму така, а не обратно. Тие ќе кажат што и како ќе има во Скопје, а нема некој да кажува зад затворена врата и да штити исклучиво сопствени интереси, заврши Арсовска.