Актуелната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска денеска одржа брифинг со медиумите во елитниот скопски ресторан „Воденица“, на кој не беа повикани дел од медиумите.

Според информациите на Фокус, на брифинот не биле поканети и новинарите од Фокус, СДК, Мета, Нова Македонија, останати реномирани медиуми, а дел од оние кои не се поканети е и нашиот медиум.

Практично Арсовска не ги покани оние кои во последната година и пол, за време на владеењето на Арсовска со Градот критички ја критикуваат нејзината работа и објективно ги пренесуваат работите.

Ова не е првпат, актуелната градоначалничка да организира брифинг, на кој нема да бидат поканети дел од медиумите, поточно оние кои не ѝ одговараат на неа.

„Фокус“ во текот на последната година направи цел серијал на текстови за имотот што го поседува нејзиниот татко Ванчо Јовановски, како и за тоа дека била повикана во полициска станица за опожареното возило на извршната директорка на Сојузот на Стопански комори. Исто така, од Градот Скопје досега немаат одговорено на ниту едно прашање поставено од „Фокус“, а Арсовска не не удостои да ни одговори на ниту една од поканите за интервју.