Таа додаде дека процедурата за одговор е да има одговор преку електронски пат, телефонски повик или смс.

Арсовска најави и целосна дигитализација на услугите на граѓаните кои ќе имаат и директна можност да се обратат до градоначалникот кој мора да има време за нив.

– Нема да постои затворена врата за граѓаните. Администрација платена од граѓаните мора да биде во служба на граѓаните. Но таа администрација мора да биде и мотивирана да работи подобро и поефикасно. Затоа ќе се воведе принцип на бодување по успешни проекти и завршени случаи, посочи Арсовска.

Ветинг за директорите на јавните претпријатија и раководителите на служби при град Скопје, е едно од заложбите Арсовска во нејзината програма за брзи и ефикасни решенија на град Скопје.

– Ќе побараме од Комисијата за антикорупција, да создадеме програма за системско решение за спречување корупција во сите градски претпријатија, установи и училишта. Ќе постои Омбудсман одговорен за пријавите за корупција и прекршување на правата на граѓаните. Системски решенија мора да има“,порача Арсовска