На средбата се разговараше за секојдневните предизвици и пречки во секојдневието со кои се соочуваат лицата со каков било хендикеп. Претставниците на Полио Плус ја истакнаа маргинализираноста на лицата со хендикеп и како резултат на тоа потребата од поголема инклузивност во градските процеси.
“Беше задоволство да се разговара за теми кои се навистина важни. Во период до сега и отсега, она што го имаме како заедничка заложба е да се овозможи правата кои ги имаат лицата со хендикеп да бидат практикувани во целост и на тоа треба да биде посветена локалната самоуправа. Едноставно, да има отворен и еднаков пристап кон сите лица и треба да се овозможи на секој еден човек да го живее животот онака како што заслужува. Верувам дека со заедничка посветеност ќе успееме во оваа наша мисија да имаме еднакви права и можности за градење поубав живот во нашиот град”, истакна Данела Арсовска.
Како заклучок од средбата произлезе ветување и поддршка како и конкретни чекори за поголема и поинтензивна соработка со градските служби за унапредување на правата на лицата со каква било оневозможеност.