Денеска, некои градоначалници од редовите на СДСМ честитаа победа на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ. Еден од нив е и градоналникот на СДСМ од Ѓорче Петров кој преку Фејсбук статус ја честиташе победата на својот опонент.

– На противкандидатот Александар Стојкоски му ја честитам победата, а на останатите кандидати им честитам за мирниот, демократски изборен ден. Ѓорче мора да продолжи да се развива, напиша Наумоски.