Димче Арсовски вели:
-Токму заради овие нови давачки на Зоран Заев и СДСМ македонските граѓани плаќаат енормно скапи горива, а само во последната година бензините од 50 денари по литар скокнаа на 71.5 денари, а дизелот од 46 денари по литар скокна дури на 63 денари. И ова е факт кој што граѓаните секојдневно го говорат. Толку големо покачување на цената на горивата доколку не беа давачките на Зоран Заев и СДСМ во форма на акцизи и даноци немаше да има. Па така, би сакал практично да појаснам, ако едно семејство кое има 1 автомобил и месечно трошело еден резервоар гориво, некаде околу 40тина литри, со покачувањата кои што ги наметнува Зоран Заев, истото тоа семејство сега за гориво месечно одвојува во просек повеќе од 600 денари од она што плаќал претходно. Само да потсетам дека радиодифузната такса која што ја укина Зоран Заев затоа што била скапа за граѓаните чинеше 190 денари. Е сега истите тие 190 денари кои што им ги укина Зоран Заев тродупло им ги зема овие пари на граѓаните, и тоа само по еден автомобил, а има семејства кои што имаат и по два автомобили
Тој додава да се навратиме на цените на горивата. На овие цени кои што ги прочитав сега ставете ги и овие 4.13 денари, и со тоа горивата ќе бидат екстремно скапи, во услови кога на светските берзи нафтата е околу 75 долари, а доколку цената расте цените на горивата заради давачките кои што ги наметна Зоран Заев и СДСМ ќе бидат уште повисоки тука кај нас и по вртоглаво.
-Ова енормно покачување на цената на горивата не може, а да не предизвика ценовен шок. На удар се сите производи и услуги во чие производство горивата играат важна улога. Тука постои опасност и можност да се покачат и сите цени на транспортниот сообраќај во Република Македонија само заради тоа што има вакво сериозно покачување од Зоран Заев. И тука се загрозени веќе повеќе од половина од граѓаните кои што користат јавен или било каков транспорт. За да не дозволиме Заев да прави што сака и да ја става целата држава во агонија и сиромаштија, иако веќе е, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со сите можни средства кои им стојат на располагање во рамки на Собранието и во рамки на демократското работење ќе го блокира овој предлог законот на Заев за кризен данок од 4.13 денари на горивата. Да потенцирам уште еднаш, ќе го блокира со сите расположливи средства ова не смее да помине, и овие давачки не смеат да бидат на товар на граѓаните. А по формирање на нова влада од страна на ВМРО-ДПМНЕ ќе има целосна ревизија на сите антипазарни политики на СДСМ во форми на даноци, акцизи и се останато она кое што директно задира во џебот на граѓаните, односно каде што Зоран Заев директно краде од џебот на граѓаните, вели Арсовски.