На состанокот, гувернерката истакнала дека најновите податоци за стабилноста на банкарскиот систем остануваат поволни, а дека кредитната поддршка за граѓаните и компаниите продолжува со солиден раст од околу 6%. Притоа, таа нагласила дека согласно со новиот среднорочен Стратегиски план на Народната банка, во сферата на финансискиот систем ќе се стави поголем акцент на поддршката на финансирањето на т.н. зелени проекти, кои ќе помогнат во процесот на трансформација на економијата.

Во оваа насока, Народната банка неодамна спроведе и Анкета за да се процени во колкава мера банките финансираат зелени проекти и да се разгледаат можностите за натамошно поттикнување, информираат од таму.

Регионалниот раководител на ИФЦ, Наим, истакнал дека е од големо значење одржувањето на стабилноста на банкарскиот систем и дека ги поддржува заложбите на Народната банка во доменот на зелените финансии.

Притоа истакнал дека ИФЦ останува посветена на финансирањето проекти кои ќе го поддржат растот на македонската економија, вклучително и на зелените проекти, кои ќе овозможат и постепена трансформација на економијата.