Средношколецот Атанас Костојчиноски од Вевчани, го извади светиот крст од осветените пенливи Вевчански извори, на одбележувањето на христијанскиот празник Богојавление – Водици.
Младиот вевчанец прв пат го фаќа светиот крст за Водици. Како и сите момчиња кои учествуваа во фаќањето на чесниот крст и тој очекува среќна и успешна година.
На Богојавленското осветување на водите во Вевчанските извори присуствуваа голем број вевчанци, а 15-тина се обидоа да стигнат до светиот крст.