Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, за спроведување на превентивна дезинсекција на подрачјето на Општина Велес, како општа мерка за заштита на населението од заразни болести, од Општина Велес информираат дека првото авионско тертирање против комарци ќе го изврши утре во периодот од 05 до 08 часот.
Доколку временските услови не дозволуваат авионското прскање ќе се изврши наредниот ден.
-Границата, на третирањето е Езеро Младост, село Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од село Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и село Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и село Горно Оризари. Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина,информираат од Општина Велес.
Третманот ќе се врши со средство „KULFAK 50 ЕС“, биоциден производ на производител „KULSAN ILАС“, од Турција, одобрено од Министерството за здравство.
Од Општината предупредуваат пчеларите во време на третирањето и 3 до 4 часа потоа треба да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирање врз безбедноста на пчелните семејства.