Градот Скопје ги известува граѓаните дека во петок (22.09.2023 година) на подрачјето на Скопје ќе се врши дезинсекција (петта фаза) против ларви од комарци, односно во раните утрински часови ќе се изврши авионската, а во текот на денот и терестричната дезинсекција.
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истите термини.
Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.