– Одлуката на Министерството за надворешни работи (МНР) да потроши 100.000 евра за кампањи со цел промовирање на претседавањето со ОБСЕ е спротивна на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, порачуваат од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и потенцираат дека тоа е во спротивност со член 102 од Законот во кој се посочува дека дека е забрането користењето буџетски средства за рекламирање во медиумите.
-За вакви и слични настани кои се од голема важност за државата, граѓаните не само што имаат право, туку и треба да бидат информирани, но на други начини, а не преку трошење на буџетски средства, велат од АВМУ.
Користењето средства на даночните обврзници за рекламирање на власта преку комерцијалните радиодифузери, нагласуваат, може да предизвика нарушување на независноста и на уредувачката самостојност и истовремено може да создаде клиентелистички однос на медиумите кон власта.