Министерот за здравство, Волфганг Микенштајн, истакна дека документот ќе постои во дигитален, но и во аналоген формат.

-На меѓународно ниво, технички, овој систем ќе се применува од лето, но секоја земја понатаму самостојно ќе одлучува кога и под кои услови ќе дозволи влез на нејзина територија, објасни тој.

Според него, „зелениот пасош“ од јули ќе може да се „чита“ насекаде преку QR-кодот, но од земја до земја може да важат различни правила колку долго треба да биде вакцинирано некое лице или колку долго може да биде валиден тестот за ПЦР итн.

Според Микштајн, сè не е фиксирано во Австрија и, според него, има потреба да се разговара дали ќе бидат прифатени само вакцините одобрени од Европската агенција за лекови (ЕМА) или ќе бидат прифатени кинеската вакцина на „Синофарм“ и руската „спутник В“.

„Зелениот пасош“ ќе биде воведен во Австрија во три фази, како што беше претходно најавено.

Првата фаза започнува на 19 мај, кога е планирано првото големо релаксирање на мерките, со потврда за вакцинација, потврда за лекување или негативен тест што важи како влезница за угостителски објекти и настани. Домашните тестови ќе бидат прифатени, но само 24 часа, додека тестот за антиген ќе важи 48 часа, а ПЦР-тестот 72 часа.

Втората фаза започнува на 4 јуни, кога ќе биде дигитално применета на национално ниво.

„Зелениот пасош“ ќе биде финализиран во јули, кога се очекува да биде комплетиран и во ЕУ.