Автобус на Јавното сообраќајно претпријатие се запалил во скопската оштина Бутел по што интервенирала Територијалната противпожарна единица на Град Скопје. Во автобусот немало патници.

Оттаму информираат дека интервенирале со едно возило и го изгаснале пожарот на запалениот автобус на ЈСП на крстосницата на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ и улицата „Ферид Бајрам“ во населбата Бутел.

-Денеска околу 12 часот во СВР Скопје З.М., вработен во ЈСП, пријавил дека додека управувал автобус од Транспортен центар кон с. Бањани, на ул. Христијан Тодоровски Карпош во Скопје забележал дека автобусот има дефект, па застанал и ги симнал патниците, по што настанал пожар во автобусот. До сега нема пријава за повредени лица, информира МВР.

Неофицијално пожарот во автобусот ЛАЗ од украинско производство е предизвикан од неисправна инсталација, но тоа треба да го потврди истрагата.