ЈСП Скопје информира дека поради Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај, во понеделник (1.05.2023 год), јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред.

Билетарниците и центрите за персонализација на 1 Мај нема да работат.

Жичарницата на 1 Мај ќе работи од 10 до 20 часот, исто и во вторник.

-Од месец мај, Жичарницата работи два часа повеќе од изминатиов период, односно од 10 до 20 часот, согласно одлуката за работно време на Жичарницата за период мај – септември. Во период од 19 – 19.30 часот е последното возење од доле нагоре. Во 19.45 часот е последното возење од горе надоле, се вели во соопштението.