-Тесла ќе може да ја платите со биткоини, напиша претприемачот на Твитер во средата.

Опцијата за плаќање со биткоин ќе биде достапна надвор од САД кон крајот на 2021 година, додаде Маск.

Американската компанија „Тесла“ на 8 февруари објави дека инвестирала 1,5 милијарди долари во биткоин и најави дека во блиска иднина ќе им овозможи на клиентите да плаќаат за нејзините автомобили во таа крипто валута.

-Една од најголемите компании во светот инвестираше во биткоин, што значи дека сите инвеститори во Тесла (или барем само еден фонд од индексот С & П-500) се изложени на тоа, рече тогаш Елон Маск.

Тој исто така поддржува други дигитални валути, како што е dogecoin.