Причината за тоа е недостатокот на полупроводници, пренесува германската новинска агенција ДПА.
Вработените ќе работат со скратено работно време, и како резултат на тоа, ќе се произведуваат неколку илјади автомобили помалку од планираното. Во главната фабрика во Инглоштад, сите транспортери нема да работат до 30 август. Исто така, неколку дена ќе биде запрено и поголемиот дел од производството во фабриката Некарсулм, во која работат 4000 луѓе. Во двата случаи, причината за запирање на производството е недостатокот на полупроводници, што ја мачи автомобилската индустрија веќе некое време.
Ауди најави и скратено работно време за септември. Тоа е мерка на претпазливост, а во исто време планираат дополнителни смени за неколку викенди.Фабриката има нарачки, но не успеа да произведе околу 50.000 автомобили во првата половина од годината поради недостаток на компоненти, пренесува ДПА.
Откако ќе се испорачаат компонентите, Ауди ќе се обиде да го надомести загубеното производство.
– Мораме да планираме од недела во недела. Претходно, дури моравме да ги откажеме планираните дополнителни смени – објасни претставникот на компанијата.
Финансискиот директор Јирген Ритерсбергер предупреди во јули дека дополнителни недостатоци во производството и работата со скратено работно време може да се појават во август и септември поради недостаток на полупроводници.
Нов