Американскиот претседател Џозеф Бајден вчера ги прекори републиканците, велејќи дека партиските пратеници треба да преземат итни чекори за да спречат затворање на владата пред крајниот рок на 30 септември за крајот на фискалната година.
-Во мај беше постигнат договор меѓу републиканците во Конгресот и администрацијата на Бајден со кој ќе се финансираат основните домашни и национални безбедносни приоритети, а сепак ќе се намали буџетскиот дефицит за трилион долари во следните десет години, изјави Бајден вчера.
-Сега мала група екстремни републиканци не сакаат да го почитуваат договорот, рече тој.
Затворањето на владата ќе им наштети на безбедноста на храната, истражувањето на ракот и детските програми, рече Бајден, додавајќи дека одржувањето на владата финансирана е една од основните функции на Конгресот.
-Време е републиканците да почнат да ја вршат работата за која Америка ги избра, изјави Бајден.