– Тие разговараа за важноста од продолжување на тесната координација меѓу нивните воени и цивилни претставници во Кабул, кои неуморно работат заедно за да обезбедат безбедна евакуација на своите граѓани и Авганистанците кои храбро ни помогнаа нам и на НАТО во воената сфера, соопшти Белата куќа.
Соговорниците ги одобрија плановите за спроведување онлајн самит на Г-7 за Авганистан следната недела.
Претходно италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи Ди Мајо изјави дека властите во земјата подготвуваат вонреден самит на Г -20 за решавање на авганистанската криза, наведувајќи ја потребата од „зајакнување на заедничките и координирани пристапи со важните партнери – Русија, Кина и Турција”.
Кремљ соопшти дека Драги разговарал и со рускиот претседател Владимир Путин, по што беше најавено дека шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров ќе ја посети Италија на 26 и 27 август.